По експлозијата во Париз најмалку шест лица во критична состојба, по едно лице се трага

Шест лица се во критична состојба, а едно се води како исчезнато, ден по експлозијата во квартот Латино во Париз, соопшти градското јавно обвинителство.

Обвинителот изјави за Ројтерс дека околу 50 лица се повредени во експлозијата, која запали неколку згради. Обвинителот изјави дека едно од двете лица кои се исчезнати е пронајдено и згрижено во болница, како и дека потрагата по другото лице продолжува.

Властите се уште не кажале што ја предизвикало експлозијата, но очевидци велат дека во областа имало силен мирис на гас.

Експлозијата ја уништи фасадата на зградата во која се наоѓа Париската школа за дизајн на Американската академија.

22.06.2023 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега