По цели 19 месеци, се отвораат вратите за туристите во оваа земја

Индија денеска се отвори за странските туристи, 19 месеци откако ги затвори границите поради пандемијата со Ковид-19.

-Туристички визи прво ќе им бидат издадени на оние кои доаѓаат во Индија со чартер летови, а од 15 ноември ќе се прошири на патниците од сите летови, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Протоколите за туристите ќе ги објави Министерството за здравство, но индиските медиуми јавуваат дека патниците најверојатно ќе треба да бидат вакцинирани или да имаат негативен тест не постар од 72 часа пред летот.

Минатата година Индија ја посетија помалку од три милиони луѓе, што е за 75 проценти помалку од 2019 година. Њу Делхи планира да додели 500.000 бесплатни визи за помош на туристичкиот сектор, а тоа се очекува да поттикне кратки туристички тури.

Индија е втора по бројот на заразени лица. Од почетокот на пандемијата имаше 34 милиони случаи, а 451.000 луѓе починаа.

15.10.2021 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега