Плажите ќе се смалуваат како последица на климатските промени
Се предвидува дека туристичките плажи ќе се намалат во големина до 2100 година како резултат на климатските промени, од Скарборо во Велика Британија до Клирвотер на Флорида.
Новите предвидувања се однесуваат на песочни плажи во светот, кои ќе се преполоват во следните децении.
Листата се заснова на податоците на Европската комисија, кои ги идентификуваат плажите што се соочуваат со зголемување на нивото на морето и со ерозија..
Нигериската „Лендмарк“ во Лагос е број еден на листата. Се предвидува дека ќе се намали во големина за неверојатни 918 метри.
Плажата Лендмарк во Лагос, Нигерија (Западна Африка)
На британските острови плажите што ќе се намалат најмногу до 2100 година се заливот Сент Брелејд во Џерси (214 метри), а потоа следува плажата Скарборо во Јоркшир (146 м).
Во САД најмногу ќе се намали плажата Клирвотер на Флорида (193 м), ставена е на 18. место на листата. А во регионот на Пацификот се предвидува дека австралиската плажа Менли ќе се намали за 161 м.
По плажата Лендмарк во првите пет светски плажи, на второ место е плажата Мекензи, во Ларнака, Кипар, со намалување од 661 метар, а плажата Ла Синта на Сардинија е трета, со намалување од 514 метри.
Остатокот од првите пет, на четвртото место е Праја да Коста до Сол во Мозамбик (453 м) и петта е плажата Куаката во Бангладеш (361 м)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа