Платите на вработените во МИА зголемени за 18%, а тие бараа 30% покачување на досегашните примања

 

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници со одобрување ја дочека Одлуката на Владата на РМ за утврдување на висината на бодот за пресметување на платите на вработените во АД МИА, донесена од Управниот одбор на друштвото, но оценува дека ова е исполнување на само дел од барањата на вработените.

„Со одлуката донесена денеска (6 септември 2023 година) вредноста на бодот се зголемува од 68,6 на 81 денар и истата ќе се применува од септемвриската плата, но ова покачување соодветствува на само 18 проценти и не ги задоволува објективните барања на вработените зад кои застана и ССНМ. Тие потсетуваме изнесуваа 30 проценти на досегашните примања.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници смета дека со ова покачување само делумно се анулира повеќегодишниот застој во зголемувањето на платите во МИА, и дека истите во просек и натаму се далеку од просекот на државно ниво.

Затоа ССНМ и натаму, и безрезервно, ќе ги поддржува вработените до целосно исполнување нивните барања од летово, кои беа артикулирани и со повеќедневни протести кои не го попречија работењето на Медиумската информативна агенција. Потсетуваме дека колегите бараат и изедначување според индексот на трошоците на живот, и зголемување од 10 проценти на основната бруто плата според општиот колективен договор“, стои во соопштението на ССНМ испратено до медиумите.

06.09.2023 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега