Планирале терористички напади: Во Германија и во Холандија уапсени девет лица

 

Во Холандија уапсен е 29-годишен Таџикистанец и неговата 31-годишна сопруга Киргистанка, под сомнение за „подготвителни дејствија за терористички дела“. Мажот е осомничен и дека е припадник на ИД.

Брачната двојка престојува во Холандија од минатата година.

Полицијата се сомнева дека Таџакистанецот „добил наредба да планира терористички напад“.

Германското обвинителство соопшти дека мажот уапсен во Холандија бил дел од групата формирана од другите осомничени, што денеска се уапсени во Германија.

Германската полиција денеска уапси седум лица под сомнение дека основале терористичка организација со цел да извршуваат напади, слично на сценаријата на Исламска држава.

Обвинителството соопшти дека уапсените се државјани на Туркменистан, Таџикистан и Киргистан и сите биле приведени во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, дека се познавале долго време, и дека од Украина влегле во земјата веднаш по почетокот на војната во 2022 година.

Освен државјанинот на Киргистан, другите осомничени кои се уапсени во Германија, исто така, од април 2022 година собирале пари за Исламска држава и во повеќе наврати ги префрлале на групата во странство.

06.07.2023 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега