Петти ден од потрагата по малата Данка, полицијата ја однела мајката на местото на исчезнувањето

 


Веќе петти ден се трага по 2-годишната Данка од Србија, од која нема ни трага ни глас.

Девојчето исчезна во вторникот попладне во Бањско поле кај Бор.

Пожарникарите, полицијата и спасувачите продолжија со багери да го расчистуваат просторот околу куќата во Бањско Поле каде последен пат била видена Данка.

Полицијата вчера отишла со мајката на малата Данка на местото каде исчезна девојчето, дознава „Блиц“.

Српскиот медиум пишува дека ова било направено за да може мајката да им го покаже секој чекор и детал од денот кога исчезнало 2-годишното девојче во Бор.

Направена е реконструкција на нивното движење.

Заедно со неа полицијата ги проверува сите информации и сознанија, дознава „Блиц“.

30.03.2024 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега