Петрушевски до Филипле: Смогни сили - извини се за Груби

 

Еден месец СДС ни да гукне за Груби, тоа е се уште истата партија која ја водеа Заев и Ковачевски. Венко Филипче не може да излезе од сенката на Заев и Ковачевски, уште дословно се држи до нивните политики и крими коалиции, изјави пратеникот Бране Петрушевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче не собра храброст да се извини за Артан Груби. Филипче не најде сили да се извини зошто владата на СДС која управувала со МВР не преземала ништо со години да го спречи неговиот криминал.

Венко Филипче и денешното СДС уште го штитат Артан Груби и неговиот политички договор со Заев и Ковачевски.

СДС е континуитет на криминалите кои 7 години ги правеа.

Ако Венко Филипче не најде сили да се извини за Груби целосно ќе го зацементира СДС на дното, изјави Петрушевски на денешната прес-конференција.

20.01.2025 - 12:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега