Петровска за 24Инфо: Со уставните измени се зацврстува македонскиот идентитет

 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за 24Инфо зборуваше и за уставните измени при што порача дека тоа е единствениот начин за продолжување на патот кон Европската Унија и дека така дополнително ќе се зацврсти македонскиот идентитет.

„Уставните измени се единствениот начин како да го продолжиме патот кон европската интеграција на нашата држава. И како што многумина претставници на ЕУ и амбасадори на земји членки на ЕУ кажаа, не постои друг начин. Мислам дека останува на домашните актери на политичката сцена во нашата држава, да ја донесат финалната одлука“, рече министерката.

Со донесувањето на уставните измени, рече таа, се гарантира и  се зацврстува македонскиот идентитет.

„Со тој амандман ние велиме дека ги признаваме Бугарите како малцинство во Република Северна Македонија, а македонскиот народ, се разбира со другите, е државотворен народ, а се зацврстуваат и позициите на македонскиот јазик“, порача министерката.

 

01.12.2023 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега