Петровска: Ќе ѝ помагаме на Украина сѐ додека не се ослободи
Му се поклонувам на украинскиот народ кој на светот му покажа дека љубовта кон сопствената татковина е посилна од оружјето на агресорот”, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во своето обраќање на денешната конференција, „Украина – Година на хероизмот“.
Министерката порача дека Македонија водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право покажа дека е цврсто посветена на поддршката и помошта на Украина.
-Нашата помош и поддршка ќе ги има се додека Украина и Украинскиот народ не го остварат своето право, слободно да се движат и живеат на сопствената територија. Помагаме и поддржуваме затоа што силно веруваме во меѓународните принципи, но пред се на правото на живот и слобода, истакна Петровска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа