Петковска: Состојбата со недостатокот на кадар во судството е алармантна – допрва ќе ги почувствуваме последиците

 

Имаме алармантни ситуации во судството во поглед на недостаток на човечки ресурси и кадар, што во однос на судии што во однос на стручниот кадар, вели за Детектор Ивана Петковска од Коалицијата Сите за правичносудење.

„Со последните измени на законот за работните односи дел од судиите заминаа во пензија и граѓаните допрва ќе ги чувствуваат последиците. Се случува во граѓанските постапки од едно до друго рочиште да има период поминат од 6 месеци што дополнително влијае на ефикасноста на судството но и на довербата на граѓаните во поглед на тоа една нивна постапка да трае две до три години и додека се назначи нов судија и додека се распредели предметот и сл. Меѓутоа и стручниот кадар и стручните соработници кои речи си и да ги нема во судовите, односно судиите немаат доволно капацитет со стручен кадар за да можат ефективно да работат во поглед на пишување на пресуди и поднесоци како и се она што е поврзано со судските процеси, вели Петковска за Детектор. 

19.02.2023 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега