Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пет авиони „Ер трактори“ и еден канадер се упатени кон Битола каде ќе интервенираат на пожарот што попладнево се активираше над обиколницата, информираа од Центарот за управување со кризи.

Претходно, Општина Битола соопшти дека пожарот над Битола е повторно активен и дека на терен се противпожарните екипи кои работат на ставање на ситуацијата под контрола. 

Овој пожар претпладнето беше ставен под контрола. На него од воздух беше делувано со пет „Ер трактори“, од кои три од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција. 

За справување со пожарите, во земјава пристигна меѓународна помош од Турција, Србија, Хрватска...

16.07.2024 - 16:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега