Песков: Сè уште е рано да се коментираат причините за падот на авионот на Пригожин

 

 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека е премногу рано да се коментира што го предизвикало падот на авионот на шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во август.

Прашан од новинарите за истрагата за несреќата и дали Кремљ мисли дека се движи премногу бавно, Песков одговори: „Ова е сложена истрага, комплексен инцидент“.

„Истрагата е во тек, така што би било прерано да се даваат какви било коментари сега“, додаде тој.

15.09.2023 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега