Песков: Незаконски е САД да ѝ праќа на Украина запленети средства од руски бизнисмени

 

„Планот на САД да ѝ испратат на Украина средства запленети од руски бизнисмени, кои се цел на санкции, е незаконски и сите такви дејства ќе бидат оспорени“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Американскиот државен секретар, Антони Блинкен, за време на посетата на Киев рече дека Вашингтон ѝ префрла на Украина 5,4 милиони долари имот запленет од санкционирани руски олигарси, кои сега ќе се користат за поддршка на украинските воени ветерани.

„Ова е тешко да се замисли и е спротивно на сè во меѓународното право и националните закони на тие земји. Но, штом ќе се укаже можност, ние ќе ги браниме нашите права“, рече Песков.

Песков рече дека некои руски претприемачи веќе обезбедиле судски пресуди во европските земји според кои таквите трансфери се незаконски.

07.09.2023 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега