Пендаровски: Ситуацијата со џихадиските ќелии во Македонија ја држиме под контрола

 

Откако во италијански весник беше објавено дека на Западен Балкан има околу 20 ќелии на терористички организации коишто чекаат сигнал да бидат активирани, во вечерашно гостување на ТВ Шења, првиот човек на Македонија, Стево Пендаровски кажа дека морал да биде редуциран во овие искажувања, бидејќи како што кажа, знаел нешто од тие информации.

„Бројката не е таква, и не е таа. Но е двоцифрена и се однесува на сите држави од Западен Балкан. Ние тоа овде го имаме ставено под контрола, тоа можам да го кажам бидејќи е завршено. Знаете и Вие како новинари, ќелија 1 и ќелија 2 ги нарекувавме. Извештајот во италијанскиот весник зборува не за сега што е, туку за тоа што е разоткриено или прикриено во изминатите година, две три. Можеме да шпекулираме од тие луѓе што се сега во затвор или дали има лица кои се сега прикриени...но, јас Ве уверувам дека во тој сегмент имаме прилично добра контрола и оти сме членка на НАТО имаме добри сознанија“, изјави Пендаровски.

„Дел од луѓето кои беа во ќелија 1 или ќелија 2 беа активни на Блискиот Исток, платеници на една, друга и трета страна, но дел од нив беа активни и во централно европските држави. Така да, добро е кога имате соработка и со овие неколку држави“, дополни претседателот на државата.  

01.11.2023 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега