Пендаровски се сретна со Амбасадори на ОБСЕ од повеќе држави

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими шефот на мисијата на ОБСЕ во државава, Килиан Вал, и амбасадорите при мисијата на ОБСЕ на САД, Мајкл Карпентер, на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Неил Бушна Германија, Геса Браутигамна Италија, Стефано Балди и на Франција, Кристин Фаж. На средбата присуствуваше и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер.

Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, и амбасадорите размениле мислења за актуелните состојби и случувања во Европа и регионот, како и за приоритетите на македонското претседавање со ОБСЕ.

Соговорниците размениле информации за улогата на ОБСЕ во контекст на руската инвазија врз Украина и неодложната потреба за обнова на мирот и стабилноста и спречување на натамошни конфликти.

Претседателот Пендаровски посочил дека Северна Македонија е целосно подготвена да ја преземе одговорноста и да се соочи со сите предизвици.

Во Скопје од денеска се одржува Конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, како прва во серијата значајни конференции и состаноци кои ќе се организираат во земјава за време на нашето претседавање со Организацијата во текот на 2023 година.

06.02.2023 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега