Јанев: Секој еден, без исклучок на која страна или боја припаѓа, мора и ќе се соочи со правдата

 

Сакам да ја известам целокупната македонска јавност дека правиме се што е во наша надлежност, знаење и капацитет во врска со случајот со трагично настраданите во пожарот во Кочани. Темелно, одговорно, доследно и со врвен интегритет пристапуваме кон секоја една причина која ја предизвика оваа катарза, истакна директор на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

-Во најтешките моменти, во кој сите сме во неизмерна тага, во краткиот период којшто го имавме согласно со законот, целокупниот тим на полициски службеници, некомпромисно работеа.
Секој еден, без исклучок на која страна или боја припаѓа, мора и ќе се соочи со правдата.
Кога болката и тишината е силна, одговорноста сите нѐ обврзува на тоа, пишува Јанев на Фејсбук.

21.03.2025 - 17:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега