Пендаровски: Нема граѓанин кој сакал да ме види, а да не сме се сретнале

„Не постои ниту еден граѓанин кој сакал да ме види, да поразговара со мене, а да не сум го сретнал. Не постои ниту еден граѓанин кој побарал помош од мене, а да не сум се обидел во рамки на моите можности, да му помогнам.
И не постои ниту еден граѓанин кој може да каже дека сум го навредил зошто не е Македонец, или затоа што е од одредена политичка структура“, порача вечерва од Пробиштип актуелниот претседател и кандидат за изборите Стево Пендаровски.
 
Граѓаните на Пробиштип тоа го знаат и заедно со нив ќе останеме на врвот и по 8 мај, додаде тој.

05.04.2024 - 20:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега