Пендаровски: Дали ќе го потпишам указот за коридорите зависи од мене, не од политичките партии

 

Претседателот Стево Пендаровски ги коментира предложените законски измени поврзани со коридорите 8 и 10 д.

„За давање указ за важење на законите, не примам совети од никого, а најмалку од политичките партии“, рече Пендаровски при денешната посета на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Објасни дека кога ќе ги донесат законите во конечна верзија во парламентот, тогаш тој ќе седне со својот правен тим да видат дали има основа за такво нешто.

Во врска со уставните измени, Пендаровски рече дека е отворен за форуми или средби на кои би се разговарало, но мора да има согласнот од двете, трите, петте страни учеснички, а во овој момент нема таква согласнот.

На новинарско прашање за предлогот на некои партии за замена на фразата „20 проценти“ со „албански јазик“, претседателот Пендаровски рече дека тоа не му пречи.

13.04.2023 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега