Пекарите се предомислија: „Греота е да ги оставиме луѓето без леб“

 
Дел од пекарите во државава решија да го зголемат производството на леб а и да го продаваат по 33 денари.
Оваа постапка на неколку пекари низ земјава ја поздрави Фатмир Битиќи, вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции.
„Упатувам честитки и благодарност до оние пекари кои се одважија и одговорно одлучија да застанат на страната на граѓаните. Мило ми е што ваквите примери ги има сѐ повеќе.
Владата ги субвенционираше компаниите и граѓаните во делот на струјата за да ги зашити од ударот на енергетската криза и од зголемување на трошоците. Помагаме за да се обезбеди нормално функционирање и секојдневие. Целта на субвенциите не е, и не може да биде зголемување на нечив профит во услови на криза.
Компаниите не се оштетени со замрзнувањето на цената на лебот. Ова е времена мерка со која го штитиме народот од вртоглави цени и ја штитиме државата за да нема злоупотреба на поддршката и за да може и во иднина да се обезбедува помош за компаниите“, стои во објавата на Битиќи.

02.03.2023 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега