Патот Берово - Пехчево делумно е во прекин поради тешка сообраќајка

АМСМ ги информира возачите дека денеска од 18.20 часот патот Берово - Пехчево кај с. Чифлик делумно е во прекин.

„На ден 18:20 часот на патот Берово - Пехчево кај с.Чифлик, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот за ТМВ е во прекин, додека за останатите возила сообраќајот ќе биде пренасочуван по алтернативни патишта“, информираат од АМСМ.

Повеќе детали се очекуваат од МВР.

28.11.2022 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа