Патот А2 делница Длабочица – Чатал утре во одреден временски период ќе биде затворен за сообраќај

 

 

Поради изведување на работи на минирање при изградбата на експресен пат А2 делница Длабочица – Чатал на ден 01.03.2023 среда во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е преќин на сообраќајот на потегот село Ветуница – мост на река Блидеш, соопштија од АМСМ.

За време на минирањето, како што појаснуваат, сообраќајот ќе биде во преќин за сите типови на возила.

По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.

 
28.02.2023 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега