Партиски препукувања наместо решение за проблемот со кучињата скитници
Денеска двете најголеми политички партии со меѓусебни обвинувања за проблемот со кучињата скитници.
Од СДСМ преку партиско соопштение обвинија дека градската и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е единствениот виновник за проблемот со бездомните кучиња.
„Целиот проблем со бездомните кучиња кој ескалираше последните месеци е единствено поради неспособноста и незаинтересираноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.Градската и локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ не ги интересира ништо освен рацете во медот, тендери и провизии.Исто како и претходно кога 11 години ја предводеа централната и локалната власт, кога Мицкоски беше советник на Груевски не се преземаше ништо за кучињата скитници.За разлика од нив градската власт предводена од СДСМ за првпат формираше јавно претпријатие за хуман третман на бездомните животни, а кадрите од ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска не можат ниту соодветно да го менаџираат.Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната власт досега, стои во партиското соопштение на СДСМ“.
Со партиска реакција веднаш излегоа од ВМРО ДПМНЕ.
„Ја разбираме фрустираноста на СДС, одат дотаму кога во исто време премиерот и нивен лидер Ковачевски вели дека ќе бара странска помош, за проблемот со кучињата скитници да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.Веројатно СДС во недостиг на аргументи, Мицкоски и ВМРО ќе ги обвини и за тоа што нема снег во месец јануари или за војната во Украина.Но да се вратиме на фактите.Срамота е што СДС прави политички поени од оваа тема па се скара и за кучињата скитници. На Струга градоначалник е коалицискиот партнер на СДС Рамис Мерко од ДУИ. На Агенцијата за храна и ветеринарство директор е кадар на СДС. Кој одговараше што нема стратегија за справување со кучиња скитници?Чива надлежност е ова?“, прашаа преку партиското соопштение од ВМРО ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа