Папата останува во болница
Папата Франциско, кој минатата недела беше хоспитализиран поради бронхитис и инфекција на респираторниот тракт, ќе остане во болница откако тестовите покажаа лоша крвна слика, а неговото лекување ќе биде соодветно модифицирано, соопшти денеска Ватикан.
“Резултатите од тестовите направени во последните денови и денес покажаа полимикробна инфекција на респираторниот тракт, што доведе до дополнителна промена на терапијата. Сите досега спроведени тестови укажуваат на сложена клиничка слика која ќе бара соодветна хоспитализација”, соопшти Ватикан.
Во соопштението се додава дека папата, и покрај неговата болест, успеал да се одмори претходната ноќ и останува под надзор на лекарите, пренесува Vatican News.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа