Папата: Нека замолчи звукот на оружјето во Украина
Папата Франциско денеска во божиќното обраќање повика на прекин на војните во Газа и Украина и изрази надеж дека мирот ќе се постигне со дијалог.
Во своето традиционално обраќање од централниот балкон на базиликата Свети Петар во Рим, папата Франциско им се обрати на верниците собрани на истоимениот плоштад, повикувајќи на храброст да се отворат вратите за преговори за да се стави крај на војната во Украина, пренесува Ројтерс.
Нека се замолчи звукот на оружјето во раузрнатата од војната Украина, рече Папата, повикувајќи на „гестови на дијалог и средба за да се постигне праведен и траен мир“.
Папата осврнувајќи се на конфликтот во Газа, повторно апелираше за прекин на огнот и ослободување на заложниците, нарекувајќи ја израелската воена кампања „сурова“. Тој ја опиша хуманитарната ситуација во Газа како „исклучително тешка“ и повика на отворање на дијалог за доброто на мирот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа