Паника во Москва: Со дрон нападната зграда во центарот на градот
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека синоќа биле лансирани две украински беспилотни летала врз објекти во руската престолнина. Тие биле соборени, а еден удрил во зградата.
Станува збор за зградата која беше погодена во неделата во напад со дрон. Руското Министерство за одбрана, исто така, објави дека две беспилотни летала биле соборени над одбранбените системи во областите Одинцово и Нарофомински во непосредна близина на Москва. Еден се урнал во градот, пренесува агенцијата Тас.
Градоначалникот на Москва на Телеграм објави дека во нападот нема повредени. Оштетена е фасадата на зградата, искршени се околу 150 метри квадратни прозорци“, рече тој. Московскиот аеродром Внуково беше привремено затворен, а сите летови во околината беа пренасочени
Министерството соопшти дека се работи за „терористички напад на режимот во Киев“.
„Повторно соборивме беспилотно летало над радио-електронската опрема и тој испадна од контрола и удри во нестанбена зграда во Москва Сити“, беше објаснето.
Два дена претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доаѓа војна во Русија. Во неделата над Москва беа соборени три беспилотни летала. Украинците не ја презедоа одговорноста за нападите.
#Ukraine keeps trying to hit the same #Moscow skyscraper with drones.
The damage is minimal no military or strategic importance but the response will likely follow. What was the point? All it does is harden the hearts. pic.twitter.com/K7MJgHMoxx— Arthur Morgan (@ArthurM40330824) August 1, 2023
Consequences of the night attack on moscow, russia, by drones.
Follow @Flash_news_ua pic.twitter.com/fosNJJKcZ5
— FLASH (@Flash_news_ua) August 1, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа