Палчо повеќе не е претседател на партијата Десна

Првосомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски-Палчо е сменет од претседателската функција на политичката партија Десна.

На неговото место сега е избран Тони Алексовски кој заедно со Палевски е меѓу основачите на партијата.

На членовите на Десна кои се исто така осомничени во случајот за двојното убиство им е замрзнато членството.

Во моментов, се чека негова екстрадација во земјава.

Министерството за правда соопшти дека преку дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир- Турција се информира дека на осомничениот за двојното убиство му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена во „Затворена казнено -поправна установа Беликесир“ во Турција.

 

17.01.2024 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега