Падна штипски дилер - полицијата му најде марихуана
На 07.11.2023 во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Штип. При претрес извршен од полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога во домот и помошни простории, сопственост на неговиот брат Т.Ј. (32), во кој заедно живееле, по претходно добиена судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По комплетирање на случајот против А.Ј ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
08.11.2023 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа