Падна одлука: Нови цени на горивата вечерва по полноќ

Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари по литар, а за толку ќе поскапи и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 79,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,50, а  Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1 за 76 денари за литар. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Мазутот М-1 НС  се намалува за 0,293 ден/кг и сега ќе изнесува 41,439 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,226 проценти, кај дизелот за 3,056 проценти, кај екстра лесното масло за 2,590 проценти и кај мазутот намалувањето е за 1,212 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој биле  формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,248 проценти. 

29.01.2024 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега