Овие знаци добро да се подготват: Затемнување на сонцето во сезоната на Скорпија ќе направи проблеми
Затемнувањето се случува во сезоната на Скорпија, а познато е дека Скорпијата е еден од најсложените и најмистериозните знаци на Зодијакот – носи трансформации. Сонцето влегува во знакот Скорпија на 23 октомври и ќе биде таму до 21 ноември. Овој период ќе биде многу моќен и ќе забележите многу промени во вашиот живот.
Скорпијата е знак на длабочина, интимност и екстремни чувства, па затоа треба да очекуваме вакви теми да се појавуваат често во овој период.
Затемнувањето на Сонцето, последното затемнување на Сонцето во 2022 година, ќе се случи на 25 октомври во знакот Скорпија, а последното затемнување во годината беше затемнувањето на Месечината во знакот Скорпија на 15 мај, па затоа ве очекуваат истите теми и ова време. Тие ќе варираат во зависност од вашиот знак. Меѓутоа, бидејќи затемнувањата се случуваат кај Бик и Скорпија, можете да очекувате заеднички теми поврзани со овие два знака. Тие вклучуваат пари, удобност, одговорност, љубомора и тајни.
Овен
Ќе имате живописни соништа кои ќе носат моќна порака. Ќе бидете многу чувствителни на влијанија и посвесни за вашата околина. Ако имате силна интуиција, таа може да достигне речиси натприродно ниво, затоа искористете ја паметно. Месеците пред вас се идеални за вашиот духовен развој.
Бик
Затемнувањето ќе го активира социјалното поле на вашиот знак. Ќе оживеете некои стари пријателства, а некој што ќе го сретнете за време на затемнувањето ќе игра многу важна улога во вашиот живот подоцна. Тоа може да биде вашата сродна душа. Различни можности ќе се отворат пред вас и бидете подготвени да ги искористите.
Близнаци
Затемнувањето ќе ви ги доведе амбициите до глава. Вашата иднина ќе изгледа посветла. Иако нема да ви биде лесно, подготвени сте за предизвици и можете да сметате на вашите инстинкти кои ќе ви го покажат вистинскиот пат.
Рак
Пред вас се отвораат нови врати и наидувате на сосема нови искуства. Ќе станете посвесни за тоа што навистина сакате и ќе видите дека досега не сте го искористиле целиот свој потенцијал. Искористете ги сите можности кои ќе ви се отворат и ќе ви дадат шанса да патувате – било физички или духовно.
Лав
Оваа нова страна што се отвора во вашиот живот ќе се одрази на финансиското поле. Тоа нема да биде очигледно веднаш, но бидете подготвени да ја искористите можноста кога среќата ќе ви се насмевне. Ќе размислувате за нови инвестиции, а ова е идеално време да ги реализирате вашите планови поврзани со уредување на просторот за живеење и заживување на стариот штеден план. Доколку сте слободни, на повидок е нова љубовна врска.
Девица
Ќе создадете силни врски со другите луѓе. Ќе запознаете некого и ќе имате чувство дека веќе сте се запознале во претходниот живот. Ќе имате поголема емпатија кон другите луѓе и од ова ќе научите повеќе за себе и за своите чувства.
Вага
Имате шанса да ги избришете сите негативни аспекти на вашата личност кои не ја одразуваат вашата вистинска природа. Ослободете се од старите навики, врски и обврски од минатото. Тоа ќе доведе и до намален стрес, што ќе ви го олесни процесот. Време е да ги остварите вашите желби и да се посветите на грижата за вашето здравје.
Скорпија
Вашиот креативен потенцијал и интуиција ќе се зголемат и ќе уживате во нив. Одлуките што ќе ги донесете за време на затемнувањето ќе ве одведат чекор поблиску до вашата самореализација.
Стрелец
Почнувате да гледате колку вашето детство ве обликувало во личноста што сте денес. Може да се сомневате во вашите стари верувања, навики и мислења, кои се резултат на вашето воспитување. Кога ќе ги видите работите реално, ќе станете посвесни за тоа кои сте навистина и ќе стекнете нова самодоверба.
Јарец
Некои прекрасни работи се пред вас и ќе запознаете добри луѓе. Фокусирајте се на поддршката на вашите пријатели. Комуникацијата во сите облици, па дури и преку социјалните мрежи, ќе ги одбележи следните шест месеци од вашиот живот. Во овој период можете да научите нешто ново, што ќе ви ги подобри шансите да најдете нова работа.
Водолија
Парите ќе ви бидат главна грижа и ќе бидете фокусирани на зголемување на приходите. Избегнувајте непромислено трошење и размислете за штедење. Искористете ја вашата динамика за да пронајдете нов извор на приход. Колку повеќе извори на пари најдете, толку посигурна ќе биде вашата иднина.
Риба
Ова е вашата шанса да изберете каде сакате да одите од оваа точка. Вашата засилена интуиција ќе ви овозможи да ги почувствувате сите пречки што би можеле да ви се појават. Верувајте им на вашите инстикти и тоа може да ве доведе до успех. Затемнувањето ќе има силен ефект врз вашите емоции и ќе ви даде сила да се ослободите од некои минати ограничувања, сомнежи и стравови. Ќе станете посвесни за вашата внатрешна сила и целосниот потенцијал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа