Откриено е зошто не е добро кога пребрзо заспиваме
Многу големо влијание врз нашето здравје има сонот. Тој помага во функционирањето на нашиот мозок, штити од срцеви заболувања и го поддржува нашиот имунолошки систем.
Иако некои од нас сметаат дека е добро да се заспие брзо, научникот за спиење Ребека Робинс вели поинаку.
„Да, навистина можете да заспиете премногу брзо“, изјави Робинс за NPR, пренесува Yahoo.
Таа истакна дека спиењето е процес и дека е мит дека е добро ако можеме веднаш да заспиеме.
„Всушност би ви биле потребни околу 15 до 20 минути за да заспиете. Ако одвоите многу помалку време од тоа, тоа може да биде знак дека сте преуморни или во постојана состојба на исцрпеност“, објасни таа.
Робинс додаде дека ова е особено точно ако можеме да заспиеме каде било и во секое време, вклучително и места како воз или на маса, пренесува Index.hr, цитира Стандард лајф.
„Значи, ако спаѓате во оваа категорија, можеби ќе сакате да бидете сигурни дека спиете доволно, барем седум часа навечер“, заклучи Робинс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа