Откриени 7,5 тони кокаин во замрзната туна: уапсени 20 осомничени од Балканот

 

Шпанската полиција соопшти дека запленила 7,5 тони кокаин од Јужна Америка во северозападното пристаниште Виго, скриен во замрзната туна. Дрогата требало да биде дистрибуирана низ цела Европа, велат од полицијата.

Во акцијата на шпанската полиција уапсени се 20 лица припадници на две организации од Балканот, што, според соопштението, е „голем удар“ за една од најсилните дистрибутивни мрежи во Европа, пренесува Ројтерс.

Полицијата соопшти дека ова е најголемата количина досега запленета во Галиција, атлантскиот регион на Шпанија, која шверцерите со децении ја користеле за дистрибуција на дрога во Европа.

Шверцерската мрежа основала компанија за увоз и трговија на замрзната стока од различни делови на светот и за инвестирање во недвижности, а компанијата ја користела како параван за шверц на дрога.

За време на повеќемесечниот надзор на компанијата, шпанската полиција утврдила дека компанијата ја прикривала својата вмешаност во шверц на дрога испраќајќи голем број контејнери со ознаки на различни компании од целиот свет до други пристаништа на Пиринејскиот Полуостров.

Полицијата запленила и 3,5 тони кокаин скриен во транспортни контејнери во пристаништето Валенсија.

 
12.12.2023 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега