Откриена планина со злато во Конго- локалното население се упатило кон неа со лопати

Локалното население во Коњи Лухихи, лоцирано во провинцијата Јужен Киву во Конго, открило злато на почвата на планината лоцирана во таа област.

Имено, оваа планина има околу 60-90 проценти златна почва.

Кога дознале за „златната планина“, локалното население се упатило кон неа со лопати.

На видеото можете да видите како локалните жители, збиени заедно, се натпреваруваат да најдат повеќе злато.

Некои од нив со голи раце копаат земја за да го извлечат златото.

Селаните ја однеле земјата дома за да го извадат златото откако ја измиле.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега