Отец Тимотеј: Почна процесот за интегрирање на ПОА во МПЦ-ОА
Светиот архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија веќе донела неколку одлуки за припојувањето на МПЦ-ОА и Православната охридска архиепископија на Јован Вранишковски.
Митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј, меѓутоа, не сакаше да открие повеќе детали, само потврди дека се работи за распределбата на епархиите.
-Денеска започна процесот за интеграција на ПОА во Македонската православна црква. Донесени се неколку одлуки, меѓутоа, сè уште не можеме да ги споделиме со севкупната јавност, како македонска, така и друга, бидејќи истите треба да ги усогласиме со Српската православна црква, рече митрополитот Тимотеј, додавајќи откако ќе бидат усогласени јавноста ќе биде известена.
Според него, целиот процес би требало да заврши со Соборот на СПЦ.
-Мислам дека тој почнува, колку што сум јас информиран, 14-15 мај, рече Тимотеј.
Прашан дали ќе разговара и за административното име на МПЦ-ОА, Тимотеј вели дека нема што да се зборува за тоа.
-Името е Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Тоа останува, независно кој како сака да нè нарекува. Ние ќе се викаме како што се викаме, рече Тимотеј.
Како што објави „Религија.мк“, сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.
Јован, кој сега има титула Архиепоископ Охридски и митрополит Скопски ќе ги добие на управување Демир Хисар и Крушево, заедно со Нижеполе, каде веројатно ќе биде седиштето на новата Епархија. Во првичниот договор во опција е и Ресен, но овој град засерга е спорен поради противењето на Владиката Петар. Практично овие две општини, кои сеега дел од Преспанско-пелагоиниската епархија, а ќе бидат нова епархија. Ако во нејзе влезе и Ресен Јован би имал титула Почесен Архиепископ Охридски и Митрополит Преспански. Доколку Ресен остане под управа на Владиката Петар, Јован би имал друга титула, но таа секако ќе ја содржи почесната титула на Архиепископ.
Јаоким, кој во ПОА има титула Полошко-кумановски ќе добие на управување нова епаехија од Кумановско-осоговската со која сега управува владиката Григориј. Според сценариот Јоаким би управувал со делот на Илинден, Делјадровце и до границиата со Србија. Во овој состав би требало да биде и Старо Нагоричане, но нејасно е дали на тоа ќе се согласи актуелниот владика. Каква титула ќе носи Јааким засега не е прецизирано.
Сосема јасно е кои делови од Македонија како нов владика ќе ги управува Марко, кој сега има титула Брегалнички. Тој во МПЦ-ОА, ќе биде владика на Делчево и Каменица, со кој титула се уште не е договорено.
Единствен за кој имаше најголем отпор во МПЦ-ОА, беше епископот Стобиски Давид. Но според информациите на религија.мк, него може да му биде понудено нова епархија во Скопско, во околината на Сопиште. Другата опција е биде викар на Јован.
Кое ќе биде конечното решение, сепак ќе одлучат утре владиците на МПЦ-ОА на заседание на Синодот во полн состав.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа