Осум загинати и 19 исчезнати во невреме на Филипините

 

Осум лица загинаа, а 19 се исчезнати во поплави и други несреќи предизвикани од лошото време на Филипините за време на божиќните празници, соопшти денеска националната агенција за катастрофи.

Повеќе од 100.000 луѓе беа погодени од поплавите, вклучително и 44.672 жители кои беа раселени и принудени да останат во центрите за евакуација, додава агенцијата.

Силниот дожд почна во саботата, според Марлон Паџо, офицер за намалување на ризикот од катастрофи во градот Гингуг во близина на Мисамис Оксидентал. Тој рече дека се излеале сите поголеми реки.

 

26.12.2022 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега