Османи во Студеничани: Планирајте ја иднината овде, а не во странство

Караванот на Европскиот фронт предводен од кандидатот за претседател на државата, Бујар Османи денеска пристигна во општина Студеничани, каде во Батинце, Моране и Долно Количани, кандидатот за претседател се сретна со граѓаните од оваа област и одблиску се информираше за потребите, но и за прашањата што ги засегаат.

„Мило ми е што сите заедници се собраа. Горд сум што мојата генерација го пречека овој голем Фронт на сите заедници. Другото прашање можеби ви изгледа далечно, но верувајте дека нема друг начин за подобар стандард освен влез во ЕУ“, изјави Османи.

Пред жителите на општина Студеничани, Османи ја побара нивната поддршка за продолжување на мисијата што ја имаше за членство на државата во ЕУ.

„Со најголема понизност, како ваш човек, како личност која ги помина овие патишта, ја барам вашата поддршка за да можам во улога на претседател да го продолжам она што го започнав како министер за надворешни работи, како вицепремиер, тоа е, до 2030 година секој од вас да има европски пасош, да има европски живот и вашите деца да си ја планираат иднината овде, а не во странство“, заклучи Османи.

05.04.2024 - 20:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега