Османи во Босна и Херцеговина: Посета на една од најголемите теренски мисии на ОБСЕ и средби со државниот врв

 
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 12 и 13 мај, ќе присуствува во официјална посета на Босна и Херцеговина во рамки на неговите активности како Претседавач со ОБСЕ. 
 
Во БиХ, Османи ќе оствари средби со државниот врв, претставници на Парламентот, претставници на граѓански организации, како и други партнери и соработници на ОБСЕ, информираат од МНР. 
 
„При посетата и разговорите со официјалните лица од БиХ, Османи ќе се осврне на насоката во која ќе се движи понатамошната соработка помеѓу ОБСЕ и БиХ, како и поддршката на приоритетните области за БиХ од страна на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ – засилена борба против корупцијата, помирувањето и зајакнување на социјалната кохезија.  
 
Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина е една од најголемите теренски мисии на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Со нејзино седиште во Сараево и 8 теренски канцеларии, Мисијата на ОБСЕ во БиХ придонесува во градење на капацитетите на институциите и директно градење на довербата меѓу граѓаните“, стои во соопштението на надлежните. 
 
12.05.2023 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега