Османи: Северна Македонија – коспонзор на Резолуцијата на ОН за комеморација на геноцидот во Сребреница

 


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска одржа прес конференција на која информираше дека Република Северна Македонија ја коспонзорираше Резолуцијата на ОН насловена “Меѓународен ден за рефлексија и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995” а во која една од главните точки е воспоставување на ден за одбележување на масакрот од Сребреница, на 11 јули секоја година.

Резолуцијата е на предлог на Босна и Херцеговина коспонзорирана иницијално од  САД и Германија. Истата пред Генералното собрание на Обединетите Нации ќе биде претставена на 17 април 2024 година, а ќе се гласа на 2 мај 2024 година.

Министерот Османи од сите земји членки на ОН побара поддршка за резолуцијата, наведувајќи дека Резолуцијата треба да биде усвоена на 2 мај 2024 година:  “повикувајќи се на повелбата на ОН, Универзалната Декларација за човекови права, Конвенцијата за превенција и казнување на злосторства од геноцид , потсетувајќи ги државите на одговорност да ги заштита цивилите, и да ги почитуваат заштитат и обезбедат човековите права во своја територија, повикувајќи се на Одлуката на Советот за безбедност бр. 819 од 16 април 1993 година, со која Сребреница се прогласува за безбедна зона, Резолуцијата 827 од 25 мај 1993 година, во врска со воспоставување на меѓународен трибунал за злосторства во поранешна Југославија, повикувајќи се на одлуките на трибуналот, осмите пресуди за виновни за злосторства против босанските муслимани, одлуката од 19 април 2004 година, обвинител против Крстиќ, 8 јуни 2021 обвинител против Младич, 20 март 2019 обвинител против Караџич и одлуката на Меѓународниот суд за правда на 26 февруари 2007година за одредување на злосторството на Сребреница како геноцид, во пресрет на 30 годишнината од геноцидот, кој се одбележува во 2025 година, каде што  најмалку осум илјади триста седумдесет и двајца животи беа изгубени и толку семејства уништени“.

Исто така Османи потенцираше дека оваа Резолуција повикува сите земји членки на ОН да го осудат геноцидот без резерва, да ги чуваат фактите и да ги шират преку образовниот систем развивајќи посебни програми за сеќавање, ревизија и спречување на повторување на истото; повикува на осуда на било какво одрекување дека се случил геноцид во Сребреница; казнување на сите лица кои ги глорифицираат лицата осудени за воени злосторства; завршување на процесот на наоѓање и идентификување на останатите жртви од геноцидот; сите земји целосно да се придржуваат кон обврските согласно Конвенцијата за превенција и казнување на кривичното дело геноцид, го повикува Генералниот секретар на ОН да воспостави програма на ОН за геноцидот во Сребреница, со започнување на активности по повод одбележување на 30 години од геноцидот, а за резолуцијата да  бидат запознаени сите земји членки, организации во системот на ОН и граѓанското општество, академија и други да го почитуваат Меѓународниот ден, како и посебни активности во чест на жртвите од геноцидот во Сребреница  од 1995.

До сега Резолуцијата ја имаат подржано над 17 земји меѓу кои Словенија, Италија, Лихтенштајн, Ирска, Финска, Холандија, Албанија, Турција, Јордан, Малезија, Чиле, Нов Зеланд и други.

15.04.2024 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега