Османи: Политичарите да не се мешаат во работата на новинарите

 

Важно е прво да имаме професионални медиуми, а политичарите да не се мешаат и да не ја коментираат јавно нивната работа, но се разбира имаат право да си ги бранат своите позиции, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција запрашан за коментар за изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и премиерот Димитар Ковачевски за медиумите.

– Во однос на конкретните изјави мислам дека се расчистија. Прво, Ахмети беше изваден од контекст, затоа што медиумите беа спомнати само како медиум каде што е забележана таква тенденција во контактни емисии, обвинувајќи ја политиката дека на некој начин ги поларизира граѓаните во тие контактни емисии да изразат такви квалификации по однос на сограѓаните од друга етничка заедница. Тоа беше констатација на господинот Ахмети дека во две телевизии видел контактни емисии во коишто граѓаните под влијание на поларизацијата што ја предизвикува политиката кажуваат квалификации кон сограѓаните коишто може да имаат негативни тенденции, изјави Османи, додавајќи дека и премиерот Ковачевски изрази личен став по однос на ова прашање.

Според Османи, политичарите сепак некогаш мора да ја кажат својата вистина и ако бидат неосновано нападнати ќе мора да го кажат својот став.

20.01.2023 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега