Османи: Опозицијата е виновна што ќе добиеме лош извештај од ЕУ – таа им се смее во лице на граѓаните
Прстот го вперувам во опозицијата, бидејќи таа го блокираше Собранието и не дозволи да се отворат поглавјата 23 и 24 кои се директно поврзани со борбата ос корупцијата, изјави денеска Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес конфернеција
„Значи, според мое читање, во суштина на слабостите што ќе ги констатира извештајот е политичката поларизација и блокадата на Парламентот како место каде што се носат законски и реформски решенија. Значи битна е причината. Значи во една каузална терапија го лекувате проблемот а не симптомот. Ова што го гледаме како детектирани слабости се симптоми на една причина, а причината е политичката поларизација односно обидот да се стават партиските интереси над државните интереси. Гледате дека се ова е „zero some games“ мора јас да добијам се и на штета и на државата. Значи тоа е едно. Второ, иронија е да се повикувате на борбата против корупцијата а да го блокирате отворањето на поглавјето 23 и 24 кое што во суштина е борба против корупцијата, значи едноставно отворање на сите рефлектори и инструменти на ЕУ за борба против корупција. Прстот го вперувам во опозицијата. Политичари кои што велат, сакаме да се бориме против корупцијата но не сакаме да се отвори поглавје 23 и 24 тоа е апсолутно контрадикторно едно со друго и иронија и смеење во лицето на граѓаните.“ - рече Османи
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа