Османи: Нападот во болницата во Газа е терор за кој нема оправдување

 

 

Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување, напиша на социјалните мрежи, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Османи вели дека почитувањето на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена.

„Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат“, пишува Османи.

Според информациите на палестинските власти, во нападот загинале 500 луѓе.

Израел негира дека го извршил нападот и нивните разузнавачи тврдат дека ракети од палестинските терористи завршиле во болницата.

 

18.10.2023 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега