Османи: Македонско-бугарската комисија ќе ги надмине разликите околу Гоце Делчев

Министерот за надворешни работи Бујар Османи е оптимист дека македонско-бугарската комисија ќе ги надмине разликите околу Гоце Делчев. Тој најави интензивирање на комуникацијата на политичко ниво, така што ситуацијата со Бугарија може да се реши преку билатерални договори. Запрашан за „црвените линии“, Османи рече дека прашањата за македонскиот идентитет се затворени на меѓународен план преку Договорот со Грција.

„Идентитетските прашања што станаа дел од јавниот дискурс последните денови како резултат на познатиот меморандум што се споменува во јавноста, не се дел од овој договор. Ова се прашања што произлегуваат од правото на самоопределување на граѓаните. Ова се прашања што се наведени во Договорот од Преспа, како такви се потврдени и затворени“, кажа Османи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега