Османи го поздрави прогресот во преговорите меѓу Србија и Косово
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на балканскиот форумб кој се одржува во Будимпешта, Унгарија, оствари одвоени средби со своите хомолози од Албанија и Србија, Олта Џачка Ивица Дачиќ.
На средбите се разменија мислења за повеќе прашања поврзани со билатералните политички и економски односи, соработката во рамките на регионалните иницијативи, притоа ставајќи акцент на евроинтегративниот процес на регионот на Западен Балкан и претседавањето на нашата земја со ОБСЕ.
Поздравувајќи го прогресот во преговорите меѓу Србија и Косово, Османи истакна дека изнаоѓањето решение за отворените прашања ќе означи нова страница не само во односите меѓу двете земји туку и во севкупната регионална динамика, која е под влијание на променетиот геополитички контекст и очекувањата за што побрза интеграција во Европската Унија. Во пресрет на средбите во Охрид, на 18 март, Османи нагласи дека трајното и одржливо решение ќе обезбеди мир, стабилност и напредок на регионот во целина.
Се разговараше за значењето на потпишаните договори во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, како и договорите потпишани во рамките на Берлинскиот процес од ноември минатата година. Во тој правец беше констатирано дека реализацијата на обврските преземени со овие договори останува приоритет на земјите потписнички.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа