Османи до ВМРО-ДПМНЕ: Тргнете ги рацете од дипломатијата

Министерот за надворешни работи Бујар Османи со порака до ВМРО ДПМНЕ да ги тргнат како што рече рацете од дипломатијата.

„Тие раце секогаш кога се вмешале во ова министерство оставиле долгорочни штетни последици кон дипломатијата, уште се соочуваме со последиците од нивното раководење. Ова е прв пат дипломатите да не се делат на наши и ваши“, прецизира шефот на дипломатијата, прашан за критиките на опозициската партија за нетранспарентност и партиски вработувања во ова министерство.

Во врска со процесот на спроведување на уставните измени, Османи оценува дека партиите го злоупотребуваат стравот на граѓаните само заради партиски цели, не заради интерес на државата, немаат ниту еден аргумент зошто се притив уставните измени, затоа јас инсистирам дебатата да почне што порано, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со уставните измени.

„Сакам да ги видам да дебатираат тие што се против, да кажат еден аргумент против, сакам некој да приложи зошто државата ќе се загрози, зошто Македонците ќе се загрозат ако во Уставот веќе се спомнуваат тие што веќе се спомнати. Така ќе се деконструира овој пропагандистички наратив кој што е изграден кој служи само за партиски цели“, порача Османи.

Тој со порака до ВМРО ДПМНЕ да ги тргнат како што рече рацете од дипломатијата.

„Тие раце секогаш кога се вмешале во ова министерство оставиле долгорочни штетни последици кон дипломатијата, уште се соочуваме со последиците од нивното раководење. Ова е прв пат дипломатите да не се делат на наши и ваши“, прецизира шефот на дипломатијата.

Според него, Бугарија не ни помогна, како што рече, во создавање на таа атмосфера на доверба и „некои партии видоа шанса за лов на политички поени, но тоа е трагично кога се во прашање долгорочни интереси за државата и за граѓаните“.

„Ќе биде многу тешко да се стисне црвеното копче да се изолира државата за да ова прашање се решава некаде 2033 година во многу понеповолни услови, во услови кога граѓаните веќе заминале од државата, а ќе треба истото прашање да го решиме можеби и полошо, но веќе сме изгубиле една генерација. Мислам дека сите пратенции ќе размислат за иднината на оваа држава“, додаде Османи.

27.03.2023 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега