Османи, Бомгартнер и Герасимовски ќе засадат 10 садници во Паркот на Франкофонијата во Скопје

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележувањето на месецот на Франкофонијата, заедно со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска ќе засадат 10 садници во Паркот на Франкофонијата во Скопје. 

Како што најавија од МНР, на настанот ќе учествуааат и резидентните амбасадори на земјите членки на Организацијата на франкофонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Швајцарија, како и резидентните почесни конзули на земјите франкофони, Белгија и Канада.

- Воедно, учениците од француските паралелки на средните државни училишта Раде Јовчевски – Корчагин и Орце Николов, како и од Францускиот институт, ќе учествуваат со рецитирање на поеми на македонскиот поет и франкофон Ацо Шопов, и францускиот поет Виктор Иго, соопштија од МНР.

31.03.2023 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега