Општина Гостивар го одобри Акцискиот план за лица со посебни потреби

 

Советот на општина Гостивар даде поддршка и го изгласа Акцискиот план за лицата со посебни потреби во Гостивар. Реализацијата на планот е предвидено да трае две години.

Пред советниците, во образолжувањето, изработувачот на планот, координаторот Африм Иљази напомена дека овој план ќе го подобри животот на лицата со посебни потреби, бидејќи, како што рече, неговата реализација е остварлива.

– Акцискиот план за лица со посебни потреби предвидува четири области, почнувајќи од подигање на свеста на населението, до отстранување на физичките бариери за лицата со посебни потреби, рече Иљази.

Тој напомена дека временската рамка на акцискиот план е две години и со него се предвидува спроведување на повеќе активности.

Предлог одлуката за акцискиот план ја доби поддршката од сите присутни членови на политички партии.

Советниците на денешната седница ја изгласаа и Предлог-Одлуката за месечен надоместок од 10 илјади денари за секое  згрижувачко семејство во Гостивар. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

20.01.2023 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега