Го удрил по глава и му рекол: „Не ти е срам да се пишуваш Бугарин“ - ОЈО бара притвор за тепачот на секретарот на „Цар Борис Трети“

 

Основното јавно обвинителство од Охрид бара притвор за тепачот на секретарот на спорниот бугарски клуб „Цар Борис Трети“. 

Оттаму вечерва соопштија повеќе детали за инцидентот кој се случи вчера вечер. Осомничениот се товари за кривично дело „тешка телесна повреда“.

-Осомничениот, на 19 јануари, во кафе бар во Охрид, пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите – “не ти е срам да се пишиш Бугарин“ и се оддалечил. Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе барот и се движел кон неговото возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале, удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, велат од ОЈО. 

20.01.2023 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега