ОЈО ја отфрли кривичната пријава против поранешната министерка Нина Ангеловска за „Еуростандард“
Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава и нема да постапува понатаму во врска со случајот на екс-министерката за финансии Нина Ангеловска, пренесува Фактор.мк, во врска со повлекување на своите депозити од пропаднатата „Еуростандард банка“.
- Постапувајќи по насоките на Вишото јавно обвинителство Скопје, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ги презеде сите дополнителни дејствија со цел утврдување на сите неопходни факти и донесување соодветна јавнообвинителска одлука во предметот за кој покажувате интерес. Потоа повторно беше донесено решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи во пријавените дела не беа утврдени елементи на кривични дела кои се гонат по службена должност. Вишото јавно обвинителство го потврди донесеното решение и тоа е правосилно, изјавиле од ОЈО за „Фактор.мк“.
Инаку, за потсетување, политичката партија Левица на крајот на 2020 до ОЈО поднесе кривична пријава против Ангеловска за Еуростандард банка, бидејќи додека била на функција, според партијата, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит од 250.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа