Ограбени малолетници во Карпош

 


Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, Д.М.(44) од Куманово пријавил дека во периодот од 14.00 до 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет од неговиот 17-годишен син и нивен 15-годишен роднина одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

14.04.2025 - 13:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега