„Огнените“ поднесоа иницијатива за уставни измени за албанскиот јазик
Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи, кои се дел од Фракцијата на ДУИ, иницираа уставни измени што се однесува до бугарското прашање, но и за отстранување на дефиницијата 20 отсто во однос на употребата на албанскиот јазик во Уставот.
Предлогот до Комисијата за уставни измени при Министерството за правда и кој го носи потписот на тројцата пратеници, го поднесе потпретседателот на Форумот на млади на Демократската унија за интеграција и дел од Фракцијата, Јетмир Асани.
„Со оваа иницијатива уште еднаш го потврдуваме нашиот став дека сме за уставни измени во однос на бугарското прашање и силно стоиме на европскиот пат. Но, во исто време цениме дека е политички момент дефиницијата 20 отсто за албанскиот јазик да се тргне од Уставот, бидејќи Уставот не се отвора секој ден, а сега имаме можност истовремено да го ставиме спроведување на албанскиот јазик на неговото вистинско место“, изјави Асани пред да го поднесе предлогот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа