Двојна трагедија во Хрватска: Воз прегази мајка и двегодишно дете, други три деца настрадаа во пожар
Двегодишно дете и неговата мајка (32) загинаа синоќа од патнички воз во близина на железничката станица Запоље кај Нова Градишка во Хрватска, извести утринава полициската управа Брод-Посавина.
Половина час по полноќ, на јужната пруга кај железничката станица Запоље, патнички воз налетал на жена и дете, кои починале на лице место, извести хрватската полиција, пренесува Хина.
Во текот на истрагата железничкиот сообраќај е во прекин, а за несреќата е известено Жупаниското државно обвинителство во Славонски Брод.
Уште една трагедија утрово ја погоди Хрватска кога три деца загинаа во пожар во ромската населба Куршанец кај Чаковец. Според хрватскиот Индекс, жртвите се родени во 2018, 2016 и 2022 година. Спасено е новороденче.
Причината за пожарот се уште се утврдува. Посебно се истражува каде се наоѓале родителите во моментот на трагедијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа